Инфо за корисници

PayNet системот за брза наплата е иновативна технологија која овозможува готовинско плаќање на разни услуги од едно место, преку еден терминал.

Оваа иновација е совршена за современиот, брз начин на живот. Нејзина цел е да биде што подостапна за корисниците, како и да овозможи избегнување на долгите редици во чекање, а со самото тоа допринесува за заштеда на нивното време.

Компанијата PayNet на своите корисници на услуги им овозможува попригоден, поефикасен, побрз, безбеден и универзален метод на плаќање во готово, за сите повторувачки и неповторувачки плаќања.

 Што значи плаќањето преку терминалите на PayNet?


· Брзина. Трансферот на парични средства се спроведува веднаш.
· Едноставност. Менито на терминалите на PayNet има лесно разбирлив и интуитивен интерфејс. Секој корисник на едноставен начин може да изврши плаќање на саканите услуги.
· Достапност. Терминалите на PayNet се поставени на фреквентни локации – супермаркети, трговски центри, образовни институции, бензински станици и сл.
· Безбедност. Функционирањето на терминалите е овозможено од софтверско-хардверски систем кој ја гарантира безбедноста на спроведувањето трансакции.
· Непрекината работа. Терминалите на PayNet работат 24 часа во денот и со тоа овозможуваат плаќање на услуги во кое било време.


Преку терминалите на PayNet корисниците ќе имаат можност да плаќаат голем број на услуги во корист на различни даватели на услуги (сервис провајдери):

· Оператори на мобилна и фиксна телефонија
· Интернет провајдери
· Интернет продавници
· Осигурителни компании
· Провајдери на кабелска и сателитска телевизија
· Банки
· Даноци, такси, јавни давачки и комунални услуги