Што е PayNet?

PayNet претставува современ, иновативен систем за брза и ефикасна наплата на сметки и услуги.

Кои услуги може да се платат преку системот на PayNet?

      Преку системот на PayNet може да се плаќаат голем број на услуги како што се: мобилна и фиксна телефонија, интернет, кабелска и сателитска телевизија, осигурување, даноци, јавни давачки, такси и комунални услуги, образование, интернет продавници, онлајн игри, банкарски услуги, донации и многу други услуги.

 

Дали преку системот на PayNet се нудат и други услуги?

Да, дополнителна функционалност која ја нудат терминалите за наплата е просторот за информирање и рекламирање на самиот терминал, како и продажба на билети за јавен превоз,железница и авионски билети.

Дали е потребно регистрирање во системот?

Не е потребно регистрирање во системот доколку сакате да ги користите основните функции на системот преку терминалите. Потребно е само да се обезбедат Вашите информации за плаќањето, на пример телефонски број, број на клиент, корисничко име и други податоци. Вие може да се идентификувате со Вашата лична карта доколку би сакале да добиете информации за тековната состојба на Вашата сметка. Услугата е развиена за да биде достапна до сите корисници, а доколку сакате да користите поголем број на поволности преку PayNet мобилната апликација и PayNet е-паричникот, потребно е да се регистрирате во системот.

Дали се наплаќа провизија при плаќање на сметки и услуги преку PayNet?

За повеќето услуги не се наплаќа провизија, меѓутоа за услугите кои се јавни давачки (на пр. Радиодифузна такса, ЈП Водовод и комуналии) се наплаќа провизија. Табелата со провизии може да ја најдете на самиот терминал.

Колку време е потребно од кога ќе се изврши плаќањето, сметката да биде платена?

Плаќањето на услуги и сметки е во онлајн режим и се процесира веднаш, по што излегува испечатена сметка за извршеното плаќање и таа е доказ дека плаќањето е успешно. Во случај на технички проблеми, со посебна процедура се реконструира трансакцијата, по што добивате смс порака со известување за успешно извршено плаќање. 

       Каде може да се најдат терминалите на PayNet?

Терминалите за брза наплата се достапни во најпристапните и преодни места како што се супермаркети, трговски центри, деловни центри, бензински станици, универзитети и сл. За подетални информации кликнете на “Мапа на терминали“.

Дали системот на PayNet може да се користи надвор од границите на територијата на Р. Македонија?

Да, системот на PayNet може да се користи надвор од границите на Р. Македонија преку услугите на PayNetмобилната апликација и преку Веб страната Е-Паричник.

Какви лични податоци треба да се внесат во системот?

 

Секој што ќе сака да плати услуга преку терминалите на PayNet треба да ги внесе основните лични податоци.

Дали постои лимит на сумата што може да се внесе во терминалите на PayNet?

Да, лимитот за внесување парични средства во терминалите на PayNet изнесува 15 000 денари.

Кои апоени може да се употребат во терминалите?

Преку терминалите на PayNet може да се изврши плаќање во македонска валута, и тоа со апоени од 10, 50, 100, 500, 1000 и 5000 денари.

Дали може системот да се користи за да се изврши плаќање на сметки после работно време?

Да, системот на PayNet овозможува да се користат услугите 24/7, 365 дена.

Како може да бидеме сигурни дека терминалот ќе го изврши плаќањето на сметките?

Тимот на PayNet се состои од висококвалификувани специјалисти од областа на економијата и информациската технологија. 24 часа во денот постојат оператори кои ја следат состојбата на системот и поврзаноста со давателите на услуги, за да ги сведат шансите за грешка до минимум. Доколку постојат проблеми со терминал или давател на услуга, клиентите нема да имаат можност да ги внесат своите пари во терминалот, а на екранот од терминалот ќе биде прикажана порака за привремен прекин на работа на терминалот.

Дали може да се избере друг јазик на терминалите на PayNet?

Покрај македонскиот јазик, на терминалите се достапни англиски и албански јазик.

Што ќе се случи доколку се внесат парични средства во терминалот, а истовремено дојде до прекин на електрична енергија?

Секој терминал на PayNet  е опремен со сопствен систем на резервна електрична енергија што овозможува нормален процес на работа доколку дојде до некаков прекин во работата. Поврзаноста на терминалот со техничкиот сервис и давателите на услуги се остварува преку бежичен пристап до Интернет.

Како да стапите во контакт со PayNet?

Во менито “Контакт“ можете да најдете информации како да стапите во контакт со нас.

Како да се започне со плаќање?

Плаќањата започнуваат со притискање на копчето “Старт“ и прифаќање на Условите за користење.

Дали може да се започне со плаќање без да се прифатат Условите за користење?

Не. Секој корисник треба да ги прифати Условите за користење со цел да започне да ги користи услугите од нашиот систем.

Дали терминалите враќаат кусур?

Терминалите го враќаат остатокот на средства во вид на потврда за кусур, која што содржи пин-код. Потврдата за кусур може да се искористи за понатамошно плаќање на услуги со активирање на пин-кодот. Се додека не се активира, износот на потврдата за кусур останува во нашиот систем. 

*Потврдата за кусур нема рок на валидност

Што да направите доколку терминалите не ги прифаќаат банкнотите?

Понекогаш се случува терминалите да не ги прифаќаат внесените банкноти. Причина за тоа може да бидат фалсификувани банкноти и банкноти кои се во лоша состојба. При користење на терминал доколку Ви се појави слична ситуација, обидете се да ја внесете банкнотата повеќе пати или внесете друга. Исто така, банкнотите може да не бидат прифатени од терминалите поради избледени бои, извиткани рабови, искинати делови од нив и т.н.

На кое место треба да се внесат банкнотите?

Банкнотите треба да се внесат во уредот за банкноти кој што трепка со зелено светло, поставен на десната страна од терминалите.

Што треба да се направи доколку се изврши плаќање со погрешни податоци?

Неопходно е да испратите барање на нашата Веб страна за корегирање или анулирање на плаќањето.

Што се случува со кусурот?

Кусурот кој што останува на Вашата сметка можете да го искористите за следното плаќање преку терминалите, може да го донирате во хуманитарни организации или со потврдата за кусур, може да го подигнете остатокот на Вашата сметка во сите експозитури на НЛБ Тутунска Банка.