Поволности за банките со воведување на системот за брза наплата PayNet

Поволности за банките со воведување на системот за брза наплата PayNet
PayNet системот за брза наплата нуди мрежа на платежните терминали достапна 24 часа во денот, 7 дена во неделата која им овозможува на банките да го прошират своето портфолио на услуги и да примаат уплати од своите клиенти брзо и безбедно во корист на многу добавувачи (даватели на услуги) во и надвор од границите на Р.Македонија.

Капитални инвестициони вложувања од страна на Банките не се потребни а со самиот развој на мрежата на терминали се зголемува присутноста на Банката за пазарот и ефикасноста во процесот за наплата на рати за кредити и кредитни картички а се намалуваат оперативните трошоци на Банката, како и долгите редови на благајните.

Можеме да понудиме следните услуги на клиентите на Банките преку платежните терминали на локации каде банкомати на Банката не се присутни, како што се:

- Проверка на сметка
- Отплата на рати за кредити, кредитни картички
- Депонирање на средства на сметката на клиентот
- Промоции за нови банкарски производи
- Други поврзани услуги

Предности од соработката со PayNet
Намалување на оперативните трошоци од 8-10% поради намалениот број вработени како инволвирани страни во процесот на наплата, организација, логистика и намалување на ризикот од измама со кредитни картички.

Инвестициони вложувања од страна на банките не се потребни, а притоа е овозможена услугата на бесплатна наплата на платежните терминали.

Овозможен е брз пристап до голем број на продажни места и зголемена наплата поради 24 часовна достапност на терминалите, 7 дена во неделата

Ефикасен и безбеден систем за наплата во текот на 24 часа од денот

Редуцирање на голем дел од активностите од платниот промет за податлив и ефикасен финансиски систем.

Обезбедување на вредни информации за пазарот преку едноставен кориснички интерфејс.

Зголемување на лојалноста на клиентите.

Предност во искористување на терминалите како средства за рекламирање и информирање на нови производи и услуги.