Инфо за провајдери

PayNet претставува нов систем за брза наплата преку мрежа од платежни терминали-киосци за самопослужување, наменети за граѓанскиот сектор кои ќе бидат распространети на цела територија на Република Македонија, наменети за процесирање на уплати за даноци, такси и давачки, услуги за мобилна телефонија, комунални услуги, интернет,осигурителни услуги, кабeлска телевизија и останати услуги по пат на готовина.

Овие платежни терминали се позиционирани како One Stop Solution, едно решение за сите потреби за плаќање.

Мрежата на платежните терминали/киосци (исто така познати како Терминали за наплата) ќе бидат достапни 24/7, 365 дена, со присуство и во најстрогите централни градски подрачја и во најодалечените рурални области.

Целта на овој концепт е да се популаризираат новите технологии и методи за наплата и да станат попримамливи и достапни за различни групи на возрасти.

Постанувајќи дел од системот за брза наплата PayNet на вашите клиенти ќе им даде можност брзо, лесно и удобно да ги извршуваат своите регуларни плаќања на мошне едноставен начин. Благодарение на широката распространетост и достапноста на платежните терминали значително ќе се зголеми и процентот на наплата и рокот во кој е извршена истата.

За таа цел, PayNet упатува отворена покана за соработка до сите правни субјекти, оператори, институции, невладини организации, интернет продавници и слични субјекти кои се заинтересирани да постанат дел од системот за брза наплата, за прием на готовински плаќања од своите клиенти.

Можноста за користење на овој најсовремен и иновативен систем за брза наплата кој ќе им го овозможите на вашите клиенти  ќе придонесе за значителна конкурентна предност за вашата компанија, а пред се за брза и ефикасна услуга која ќе им ја понудите на вашите клиенти.

Предности и поволности од соработка со PayNet:

- Намалување на оперативните трошоци од 8-10% поради намалениот број вработени како инволвирани страни во процесот на наплата, организација, логистика и намалување на ризикот од измама со кредитни картички.

- Капитални инвестициони вложувања од страна на компаниите не се потребни.

- Овозможен е брз пристап до голем број на продажни места и зголемена наплата поради 24 часовна достапност на терминалите.

-  Ефикасен и безбеден систем за наплата во текот на 24 часа од денот.

-  Целосен и навремен трансфер на паричните средства на сметка на компанијата.

-  Континуирана и ажурна евиденција за извршените трансакции достапна во форма соодветна на барањата на компанијата.

- Обезбедување на вредни информации за пазарот преку едноставен кориснички интерфејс.

- Зголемување на ARPU(average rate per user) со стимулирање на имулсивно плаќање.

- Предност во искористување на терминалите како средства за рекламирање и информирање за нови производи и услуги.

Со задоволство би соработувале со вас!
За сите прашања и информации обратете се на телефонскиот број 02 3243 380 или на е-маил info@paynet.mk