Реклама на PayNet терминали

Рекламата на платежните терминали претставува нов современ медиа простор, кој овозможува максимално да го зголемите бројот на ваши потенцијални клиенти. Терминалите се поставени на најдостапни и високо фреквентни локации како: супермаркети, трговски центри, бензиски станици, факултети и сл.

Индивидуалниот пристап кон корисникот е една од најголемите предности на рекламирањето преку PayNet, за разлика од другите видови на рекламни медиуми.

Предности и поволности од рекламирање преку PayNet платежните терминали

- Рекламата поставена на платежниот терминал е воочлива за широка маса на луѓе и со тоа се формира висок степен на внимание кон дадениот вид на реклама.
- Корисниците кои плаќаат било каква услуга преку терминалите 40% од своето внимание го доделуваат на видео рекламата.
- Полесен начин да се допре до потребната таргет група
- Намалување на трошоците за рекламирање, а зголемување на ефективноста на вашата реклама
- Можност за спроведување рекламна кампања од секаков размер(регионално или низ цела држава)
- Рекламата на терминалите претставува иновативен и уникатен начин на рекламирање
- Прикажаните банери имаат поголеми димензии за разлика од банерите на интернет

Видови на реклама на платежните терминали

- Видео реклама
- Банер реклама
- Реклама на сметката/потврдата за кусур (предна и задна страна)
- СМС-реклама
- Брендирање на терминал

Комбинацијата од неколку вида на реклама на платежните терминали овозможува да се види вашата рекламна порака, да се запамти, и доколку се постави и на сметките/потврдите за кусур - да се зачуваат вашите контакт податоци.

За да соработувате со нас ви е потребно:

- Да изберете еден или комбинација од неколку начини на рекламирање за да го постигнете посакуваниот ефект
- Да изберете број на терминали преку кои сакате да се рекламирате
- Да изберете локација
- Да изберете период на вашата рекламна кампања

Интерфејсот на платежните терминали е едноставен и интуитивен, а рекламата – впечатлива, привлечна и ефективна.

Услови и формати за поставување:

1. Статичен банер на интерфејсот на терминалите на PayNet.
Формат на фајлот - .png, .jpeg.
Димензии – 1280*200.
Цената за поставување на Вашата реклама зависи од бројот на терминали преку кои сакате да се рекламирате.
Содржината на информациско-графичкиот блок се овозможува од страна на огласувачот и се обновува еднаш месечно.

2. Статичен банер на екранот за наплата на услуги.
Формат на фајлот - .png, .jpeg.
Димензии – 415*475.
Цената за поставување на Вашата реклама зависи од бројот на терминали преку кои сакате да се рекламирате.
Содржината на информациско-графичкиот блок се овозможува од страна на огласувачот и се обновува еднаш месечно.

3. Видео реклама на дополнителниот монитор на терминалите PayNet.
Времетраење не повеќе од 30 секунди.
Технички барања:
• Во било каков формат,
• Големина до 10Мб
• 1280*1024 пиксели
Содржината на видео –клипот се овозможува од страна на огласувачот и се обновува еднаш месечно.

4. Брендирање на терминалите на PayNet
Брендирањето на терминалите претставува уште еден начин на рекламирање, кој ќе привлече клиенти и ќе ја зголеми популарноста на брендот. Можат да се лепат посебни стикери со информации и логоа по целиот терминал, така што во моменти на употреба на терминалот корисникот обрнува внимание на стикерите, кои се наоѓаат пред него. Поставувањето стикери е во задолжителен редослед и се усогласува во зависност од тоа од колкави размери е рекламната кампања.

5. СМС реклама
Мобилниот телефон, претставува ефикасен медиум, бидејќи овозможува инстант маркетинг(пораките пристигнуваат веднаш) и детално таргетирање(доколку се знаат информации за сопственикот).

Компанијата PayNet е спремна да им понуди на своите клиенти успешен метод за мобилно информирање.

Преку СМС рекламирање, огласувачот има можност да влијае брзо и ефективно врз своите потенцијални клиенти.

6. Реклама на сметка/потврда за кусур
Основна намена на сметката е нејзина употреба како печатен документ кој се доделува на корисникот, со цел да се потврди фактот на купувањето/плаќањето на одреден производ/услуга.
Ние ви нудиме да ги искористите можностите на хартиената лента во терминалите на системот за брза наплата PayNet како носител на реклама!

Зачувувањето на сметката која им гарантира на корисниците на услугите потврда за извршена уплата овозможува присуство на рекламата на неопределен рок. На тој начин, сметката со реклама, во рацете на клиентот се претвора во визит картичка на Вашата компанија.

Ние ви нудиме две варијанти за поставување реклама на потврдите:

- На предната страна. Овде се содржи основната информација за плаќањето, затоа при проверка на испишаниот износ, корисниците несомнено ќе ја видат вашата реклама. Оваа варијанта овозможува да се постави таргетирана реклама( според место на живеење, износот и времето на плаќање, и според мобилните оператори)

- На задната страна. Предноста на оваа варијанта е можноста за печатење на реклама во боја во целосна големина на потврдата.

Достапна големина за прикажување на реклама: 4 реда по 42 карактери во секој ред.

Со задоволство би соработувале со Вас!

За сите прашања и за цена на поставување обратете се на телефонскиот број
02 3243 380 или на е-маил info@paynet.mk